Мицкоски: Умираат повеќе луѓе од најцрните денови во Шпанија и Италија

by Фокус

Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Клан истакна дека со денешната статистика во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и Италија.

-Наместо подготовки за втор бран, ние имавме во јавноста изјави да не се грижат граѓаните, зашто подготвени ќе влеземе во вториот бран, па еве сега влеговме во вториот бран и денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија, тука нема етнички состав Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада – рече Мицкоски.

Од СДСМ му возвратија дека додека цела Европа е во борба со коронавирусот, Мицкоски зборува за оставки и дејствува опасно по јавното здравје.

„Додека здравствените инситуции, стручната јавност, граѓаните водат беспоштедна борба против коронавирусот, Христијан Мицкоски си ја гледа само фотелјата во белиот дворец. Додека цела Европа, исто како и нашата земја е под сериозна закана од КОВИД 19 Мицкоски зборува за оставки, зборува за некакви нови паралелни комисии за заразни болести и се однесува опасно по јавното здравје“, стои во партиската реакција.

Поврзани новости