Мицкоски: Убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети од оваа непогода

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Измир.
-Пријателскиот турски народ и Турција се соочи со сериозна природна непогода.
Искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од земјотресот во Измир и нашите молитви се за излекување на повредените од природната катастрофа.
Убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети од оваа непогода.
Како жител на Скопје – град кој ја почувствувал жестината на разорниот земјотрес и чии темели се основани на солидарност и хуманост, верувам дека и Измир и погодените региони брзо ќе се вратат во нормалните текови и ќе дојде до израз меѓусебната помош, разбирање и хуманост.
#PrayForIzmir, напиша Мицкоски.

Поврзани новости