Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ рече дека случајот со пензиите всушност не е случај, туку е креиран за да одвлече вниманието од како што рече, намалувањето на пензиите.
-Ја охрабрувам министерката да продолжи до крај во расчистување на целата работа, и да стигне до конкретен виновник, само се плашам да не дојде пак до политички договор и судир во интер-коалицијата. Нашите тогашни министри немале потреба да знаат за ова. Министерството тука нема никаква улога, туку двете институции се Фондот за пензиско и МАПАС. Затоа велам да не се удри во ѕид министерката. Парите не се украдени, туку се таму и не се распределени кон пензиските столбови, зошто некој од МАПАС не ги распределил. Во обид да се затскрие намалувањето на пензиите се креира случај, каде што нема случај, парите се таму, не се украдени, само не се распределени, рече Мицкоски.