Двајца полицајци нападнати во Шуто Оризари, обвинувања за киднапирање

by fokus

Двајца полициски службеници кои не биле на работа се нападнати во Шуто Оризари и пренесени во болница, откако поголема група на граѓани ги нападнале од засега непозната причина, објави ТВ 21.

Според МВР, денеска во попладневните часови малолетничка раскажала на возрасен маж дека била сведок како во комбе внеле едно женско лице, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од МВР за ТВ21 велат дека во моментот кога наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа биле нападнати од група граѓани. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.

Од МВР додаваат дека до овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости