Мицкоски: Тиранската платформа за која зборувавме се случи, сега кажуваме дека на ред е федерализација

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Карбинци истакна во среда ќе се гласа за, како што вели, иднина на државата.

-Вистината понекогаш боли, но секогаш е подобро да се слушне вистината. Македонија е опљачкана понижена полна со криминал, корупција, истрошени политичари, таа е нашата реалност, за да се случи промена треба сите ние на 15 јули да излеземе масовно од рано наутро, излезете и заокружете број 14. На 16 почнуваме со работа, ќе биде тешко, но што во животот е лесно – рече Мицкоски.

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

-Ако случајно дојде пак СДСМ на власт, тогаш на масата ќе биде Македонија, прво федерализација, а втор чекор целосно уништување. Да не биде ова само во главата на вмровците, така беше во 2016 тогаш не обвинуваа дека Тиранската платформа и промената на уставот била само во главата на Вмровците. Ама тоа се случи – порача Мицкоски.

Поврзани новости