Јавна тајна, иако за ова Стево Пендаровски нема да го слушнете да одговори на некој од митинзите, е дека пред неколку месеци се собрале во претседателската вила Стево, Артан, Ахмети, Бујар Османи и Ковачевски, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој објасни како се одбивала средбата кај Стево Пендаровски.
„Стево предничел во додворувањето на Ахмети, но и прецизно забележувал што треба да му се испорача. Случајно или не, неколку недели по ова се испорачаа измени на Кривичниот законик, но не се реализира целото сценарио составено од неколку правни преседани, единствено поради трезвеноста на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата за тоа што било пред 10 или 15 години и за делови од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред толку време е расправа со духови“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски кажа дека на народот сега му е главен интерес да се решат сегашните проблеми и да се смени сегашната грда реалност да се промени.
„Јас знам дека Стево го интересира што од сето ова ќе добијат само стотина души од ДУИ без оглед што ќе изгуби македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, изјави Мицкоски.
Мицкоски порача дека излезот од сето ова е само еден.
„А тоа масовно да се излезе на изборите, и да се казни оваа завера против Македонија и граѓаните. Масовно да се порази ДУИ и СДСМ и нивните тајни договара и раскрчмувања на Македонија“, посочи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.