Мицкоски спрема напад на Ахмети, а Ковачевски кам-бек на Заев?!

Освен што почна активна блокада на парламентот, ВМРО-ДПМНЕ најави и атак врз ДУИ, со цел да ја натера партијата за размислува за предвремени парламентарни избори. Засега, власта се изјаснува против брзи избори, особено СДСМ, која сака во овие две години да ги сврти трендовите во своја корист.

by Фокус

Дали опозицијата ќе успее да предизвика предвремени парламентарни избори наесен или пак власта ќе успее да издржи до редовните избори во 2024 година, кога треба да се одржат и избори за претседател на државата, анализира неделникот Фокус.

Неодамна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе обелоденат афера тешка 900 милиони евра во која, како што рече, се вмешани функционери на ДУИ. Според според извори од опозициската партија, тој алудира на мега-проектот за изградба на автопатски делници, што треба да го добие меѓународен конзорциум.

Инаку, како подизведувачи во проектот треба да бидат вклучени и домашни фирми. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговите сопартијци сметаат дека една компанија што важи за блиска до ДУИ е близу до договор за влез во една етаблирана градежна компанија, која, според нив, треба да земе колач од проектот.

Меѓутоа, токму овој проект е една од главните причини зошто ДУИ е против нови предвремени парламентарни избори. Меѓу другото, велат извори од оваа партија, од таму сакаат со започната реализација на автопатите да истрчаат на редовни избори за 2 години.

Тоа се поклопува со интересот на СДСМ да нема брзи избори, бидејќи последните истражувањата на јавното мислење покажуваат дека владејачката партија има драстично послаб рејтинг од ривалската ВМРО-ДПМНЕ, па сакаат да обезбедат две години во кои ќе се обидат да ги свртат трендовите во која корист.

Од владејачката партија коментираат дека се надеваат дека како Влада ќе демонстрираат позитивни перформанси во справување со кризата и дека ќе испорачаат резултати во интеграцискиот процес. Истовремено, тие се надеваат дека најголем дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат лоши резултати.

Според одредени информации, во власта се размислува дали прво да се одржат претседателски избори, на кои владејачките партнери би се обиделе со заеднички кандидат да дојдат до победа и на тој бран да атакуваат на успех и на парламентарните избори неколку месеци подоцна? Или, пак, да ги спојат изборите во еден термин?

Неофицијално, дел од албанските партнери бараат поранешниот лидер на СДСМ и премиер Зоран Заев да биде кандидат за претседател на следните избори. Како што дознаваме, за намерите на Заев во тој поглед се интересирала и дел од меѓународната заедница…

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, како потенцијални претседателски кандидати, во разни кругови и од разни извори, се споменуваат новата партиска аквизиција Сашо Клековски, кардиохирургот кој веќе еднаш беше кандидат Сашко Кедев, поранешниот пратеник и министер Марјан Ѓорчев, академикот Љупчо Коцарев

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Влатко Стојановски

Поврзани новости