Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Јади бурек презентираше нова идеја за изборниот процес: да се воведе кандидат за иден мандатар и тој да биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.
-Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот. Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад поратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, вели Мицкоски.