Екипите на Град Скопје се приклучија на другите спасувачки екипи во Драч

by fokus

Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија, соопшти вечерва градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи. Истовремено, Ве повикувам, секој во рамките на своите можности да помогне на веќе објавените сметки на Црвениот Крст. За човечки животи се работи. Да помогнеме сите заедно !!!, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости