Мицкоски со нов предлог: Заев да се откаже од Договорот, потоа избори и формирање на ново СЈО

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со нов предлог кон власта, а тоа е премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, потоа да се оди на избори, а после изборите да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.

– Решението кое го постигнааа е катастофално. Сега само може да се констатра дека Договорот е мртов. Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманпилура граѓаните кои покажаа одговнорност кон својата земја. Вчаста е целосно делегитимирана, Заев веќе нема легитимитет и кредибилитет, неупешниот реферндум е и одговор дека криминалиите не смеат да продолжат. Народот испрати порака дека Заев повеќе не може да биде премиер и треба да се повлече. Нова криза ќе ја доуништи и така кревката економија, а со овие луѓе ќе биде само полошо. Затоа и има две опции: избори, за кои мора да има пржинска влада каква што Заев имаше пред изборите 2016 година и јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и анкетна комисија. Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измискуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во поитиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе подрржи нова обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат  јавен обвинител со консензус кој вистинкси ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислшуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Стојам овде и велам ајде да ставиме крај на криминалот и вистински да се бориме против него и да ставиме крај на сомнежите за криминал. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот, рече Мицкоски.

Поврзани новости