Мицкоски: Со додворувањето со ниски страсти кон Албанците, Заев се повеќе го разделува општеството

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во вестите на Алфа телевизија изјави дека Македонија никогаш не била поподелена како денес.

-Безскрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група на определен етникум, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи кај мнозинскиот дел од македонскиот етникум гледаме дека не може повеќе да добива гласови, бидејќи има огромно разочарување помеѓу нив за политиките кои ги води СДСМ и Зоран Заев. Па тој сега се обидува да се додвори на вториот по големина етникум со ниски страсти, со романтични предлози и на тој начин го прави македонското општество се поподелено, рече Мицкоски.

Поврзани новости