Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не би сакал да коалицира со ДУИ доколку го добие мандатот на следните парламентарни избори.
-Мојата политичка проценка во овој момент е дека за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио и ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио и со ова раководство во ДУИ. Кој ќе биде партнер ќе одлучат граѓаните – рече Мицкоски во „Само вистина“.
Тој одби да даде конкретен одговор со кого би коалицирал со оглед на тоа што албанските партии коалицијата ја условуваат со уставните измени. Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ одбива да даде поддршка за уставните измени, останува прашањето како Мицкоски би го обезбедил потребното мнозинство.
-Кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе дознаеме следниот ден кога ќе завршат изборите – рече тој.