581
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на МРТ смета дека доколку Бугарите бараат промена на македонскиот Устав, тогаш и тие тоа да го направат истото.
„Ако ние треба да ја заслужиме почитта на соседите и тие ќе треба да ја заслужат нашата почит. Свесни сме за радикалните структури на политичката сцена кај дел од нашите соседи кои што го користат и го злоупотребуваат национализмот имаат многу негативна и на моменти хегемонистичка реторика кон Македонија и тука ние се повикуваме на правото на реципроцитет. Затоа што, како се вели, за љубов се потребни двајца“, рече Мицкоски.