739
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е оптимист дека ќе има поместувања во позициите на Бугарија во однос на евроитеграцискиот процес на нашата земја.
-Не сум оптимист. Јас би сакал да е ова вистинито, но не сум оптимист. Бугарија нема да се помести ни милиметар, ако ние не ја прифатиме резолуцијата на нивниот Парламент, особено не пред избори, изјави Мицкоски денеска на средба со новинарите.
Според него, би можело да се случи нешто во таа смисла на декемврискиот самит на ЕУ односно по парламентарните избори во јули во Бугарија и потоа претседателските во октомври.