660
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот тв дуел на Канал 5 со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека за трагедијата во Тетово, освен морална, ќе мора да има и кривична и политичка одговорност.
Тој обвини дека Заев, како лидер на СДСМ и премиер, и министерот Филипче одамна го поминале италијанското сценарио. Модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите.
Не е банална работа оставката, таму згаснаа 14 животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега сме до авганистанското сценарио и не само што треба да ги прифатите оставките на Филипче и неговиот заменик, туку да размислите и за ваша оставка, му рече Мицкоски на Заев.