Мицкоски се сретна и со Орбан: Договоривме соработка за изработка на изборната програма

by Fokus

За време на престојот во Блед (Словенија) каде се одржува Генералното собрание на Центристричката демократска интернационала (ЦДИ), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна и со унгарскиот премиер и претседател на владејачката Фидес, Виктор Орбан, со кого договориле соработка за изборната програма за следните избори во земјава.

Како што објави Мицкоски, разговарале и за други теми, меѓу кои и за тоа дека е потребна борба против корупцијата и криминалот во регионални рамки.

“Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ. Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори“, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости