Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорката на Сојузна Република Германија Енке Холштајн и разговарале за актуелната политичка состојба и изборите, соопшти партијата.
Мицкоски на средбата се пожалил дека власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето на изборите.
Сепак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пренел на Холштајн дека прави напроти за формирање на ново парламентарно мнозинство.
-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата, соопштуваат од партијата.