Мицкоски: Се обраќаме и до Албанците, имам стотици пријатели Албанци

by fokus

На прашањето од новинарот во емисијата на телевизијата Алсат зошто не се обраќаат кон Албанците во Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негираше и наброја примери каде соработувал со Албанци и дека ги смета за составен дел од оваа држава.

-Гордана Силјановска Давкова уште на конвенцијата кажа дека е родена во Охрид во турска куќа и дека нејзиниот брат е побратим со албанско семејтво од околината на Кичево , јас лично сум работел со години во близината на Тетово и во Липковскиот крај, имам стотици пријатели Албанци, бидејќи сум бил човек што успеал да донесе странска инвестиција вредна дестици милиони евра, таму работеле деситици да не речам стотици Албанци, таму работеле и компании сопственици на Албанци. Лично како дирекор на АД Електрани сум првиот кој што потпишал меморандум каде што АД Електрани на Македонија стипендирал студенти од Тетовскиот универзитет, рече Мицкоски.

Поврзани новости