Видео од вчерашниот говор во Велес на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, професорот Христијан Мицкоски, е хит на социјалните мрежи.
Имено, најверојатно понесен од емоциите додека зборуваше за време на протестот, професорот се збуни и не успеа да ја доврши мислата, и покрај неколкуте обиди. Присутните, кога ја увидоа ситуацијата, со аплауз го поттикнаа да продолжи и покрај изгубената мисла и неуспешно завршената реченица.
-Не само што нема да биде економска година, туку ќе биде година на голема економска стагнација, и пљачка од граѓаните, од трудот кој што и онака лесно ја… гооо… и онака тешко го стекну… и онака кој што го…тешко го – не успеа да ја докаже мислата професорот.
Снимкате од ситуацијата во која се најде лидерот ги преплави социјалните мрежи. Коментарите дека вакви нешта се вообичаени на школските приредби, кога учениците ќе се збунат додека ја кажуваат стихотворбата, па со аплауз се поттикнуваат да продолжат, но и дека Мицкоски речиси секогаш е преемотивен кога излегува пред народот, се едни од најчестите.
-Секогаш кога зборувам емоции доаѓаат! Токму поради тоа ми се случи ова – рече Мицкоски пред велешани.
Вики Клинчарова
Видео: ТВ21