Матрицата на владата е на крадење, лажење и многу корупција и криминал. Јавниот долг го зголемија за 2 милијарди и 348 милиони евра, повеќе се задолжуваат отколку што расте бруто домашниот производ и затоа Македонија има висока инфлација сме таму каде што сме парите ги крадат и не ги трошат ненаменски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Јади бурек“ на ТВ Сонце.
-Дека не зборувам на памет, направив мала споредба во делот на два параметри значајни во економијата, тоа е јавниот долг кој го има државата и бруто домашниот производ, колку државата произведува. Ако го гледате јавниот долг во овие 4 години власт на СДСМ бидејќи 2017 не е земена како заедничка година, со техничката влада, исто и 2006 е таков период. Така ако го анализирате овој 4 годишен период јавниот долг во владата на СДСМ е зголемен за 2 милијарди 348 милиони евра или просечно годишно е зголемен за 590 милиони евра. Во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 до 2016, јавниот долг е зголемен за 2 милијарди 893 милиони евра или просечно годишно по 290 милиони евра. Тие 590 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ по 290 милиони, а не е земена 2022 година, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така посочи и дека кога во 2009 година се зеде обврзница од 150 милиони евра и тоа било шокантно, тогашниот гувернер на Народна банка направил упад што ги дигна каматите и таа обврзница беше под жесток притисок, а тогашната опозиција СДСМ направи таков бунт и напад како да е најголем грев, а сега оваа влада на СДСМ се фали дека земала од ММФ 530 милиони евра.