Прашањето мора да се однесува само на Договорот со Грција, кое во името на Владата го потпиша министерот Никола Димитров, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршување на денешната лидерска средба.
-Ќе се обидам да бидам гласот на разумот и да го објаснам денешниот ден. Главанат разлика беше во вториот дел на средбата околу текстот на референдумоското прашање. Во првиот дел од денот разговараме околку ДИК, законот за финансирањето на партиите и техничка влада пред секои избори. За ова постигнавме согласност и веќе собраниските служби работат на изготвување на законските решенија. Во вториот дел разговаравме за карактерот на референдумот и за прашањето, зборуваме и за деталите. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните и уставните норми, имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа што го распишува референдумот и го одредува прашањето. Нашата позиција е јасна и таа е партиски став, а тоа е дека прашањето мора да биде еднозначно, а не да биде поврзувано со други значења, тука ни се разликите. Во однос на карактерот на референдумот, имаме приближување на ставовите. Излезноста да биде 50 отсто плус 1 и минумум 50 плус 1 да гласале за или против. За прашањето имаме разидување, бидејќи ние не сме за прашање кое ќе биде повеќезначно. Поради претходно договорени обврски, премиерот мораше да замине, рече Мицкоски.