Ахмети: Вториот дел од средбата беше разочарувачки, нема договор за референдумот

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на денешната лидерска средба изјави дека вториот дел од средбата бил разочарувачки и дека опозицијата мора да ги стави државните пред партиските интереси.

-Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред се државните интереси, изјави Ахмети.

Поврзани новости