Мицкоски: Прислушувањето во ОЈО почнало кога Спасовски беше технички министер

by fokus

Јавноста во Република Македонија е сведок на повторно едно скандалозно однесување на луѓе или структури блиски до СДСМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање да го коментира скандалот со прислушувањето во Јавното обвинителство.

– Станува збора за едно скандалозно однесување на МВР, некаде таму на почетокот на септември месеци во 2016 година. Ќе повторам тогаш технички министер е господинот Оливер Спасовски па се до ден денешен. Исто така ја прочитав онаа помалку смешна изјава од страна на владиниот портпарол каде што повторно некој друг му е виновен, а не ја бара вината во сопствените редови. Однесувањето на СДСМ изминатите година и половина ни е јасно, кога немаат факти и аргументи кога не знаат како да ги решаваат проблемите тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој претходно бил. Но за жал овдека виновникот треба да го бараат во сопствените редови, бидејќи како што прочитав првите разговори се снимени некаде на почетокот на септември месец а снимањето траело до ден денешен, а министер за внатрешни работи во министерството за внатрешни работи е господинот Оливер Спасовски. Најмалку што може да направи по серијата на катастрофални грешки во овие година и половина во серијата неразјаснети криминални активности во република Македонија е господинот Оливер Спасовски да си поднесе веднаш неотповиклива оставка – изјави Мицкоски.

Поврзани новости