1K
Се додека сум на чело нa ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор не може да биде завршена работа, порача партискиот лидер Христијан Мицкоски.
-Не може да имате двојни стандарди. Си ја сакаме Македонија, затоа што сме патриоти, а не националисти. Кога Македонија ќе биде кај што и е местото, тогаш Договорот од Преспа ќе биде завршен – рече Мицкоски на Алфа.
Според него, нормално е тоа што Резолуцијата што ја предлагаат во Собранието е моноетничка, бидејќи, како што вели, се работи за идентитетот на Македонците.