Стразбур бара објаснување од Полска за Законот против абортус

by fokus

Полска мора да го објасни построгиот Закон против абортус, нареди Европскиот суд за човекови права.

„Полска е информирана дека се поднесени 12 тужби до судот во Стразбур во врска со законот“, се вели во соопштението на Судот.

Полскиот Уставен суд донел одлука во октомври минатата година да ги забрани абортусите, дури и ако нероденото дете има сериозни деформитети.

„Владата сега мора да даде одговори на прашањата за новите регулативи до средината на септември“, соопшти Судот.

Инаку, поднесени се повеќе од 1.000 тужби против новиот полски Закон за абортус.

Поврзани новости