510
Политиките на Зоран Заев за името се темелат на лаги, а процесот на преговори е комплетно погрешно воден, со погрешни луѓе и погрешна методологија, смета денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски рече дека „ако се водиме по клучните барања на соседната страна, значи дека сме подготвени да капитулираме, а ако ја прифаќаме црвената линија како конечна позиција, нема потреба да преговараме“.
Мицкоски му даде оценка „десет“ на саботниот партиски митинг на кој, како што нагласи, десетици илјади граѓани му кажале огромно „не“ на Заев за политиките на домашен и меѓународен план.