Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред самиот почеток на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во кратка изјава за медиумите рече дека тие сметаат дека во оваа ситуација мора да помогнат на граѓаните.
– Самиот факт што само 500 семејства во Скопје утрово се разбудија со топли радијатори, говори дека работата е катастрофална. Како ВМРО-ДПМНЕ цениме дека мора да се помогне. Разговаравме и со коморите и со бизнисот, секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме официјална средба со Владата. Вчера добивме потврден одговор дека Ковачевски ќе не прими, затоа што не се однесува само на оваа зима, туку и на следната година. Цениме дека мора да помогнеме на граѓаните. Мора да покажеме државност, а не да собираме политички поени, рече Мицкоски.