ЕСМ и Адора се договорија за закуп на топланите

by fokus

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, соопштија од ЕСМ.

Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ.

-Двете компании покажаа општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, стои во соопштението од ЕСМ.

Поврзани новости