795
Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во пресрет на неделниот протест за одлободување на осудените за упадот во парламентот на 27 април 2017 година.
„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови“, напиша Мицкоски на фејсбук.