Мицкоски: Прашање на време е кога ќе згасне човечки живот

by Фокус

Воопшто не ме загрижува Зоран Заев и неговите соработници околу него кои мене ќе ме обвинуваат за било што, мене ми е важно здравјето на граѓаните и како Република Македонија ќе се справи со проблемите откако пандемијата ќе стивне, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител.

-Медениот месец за Венко Филипче заврши. Не можеме ние да зборуваме за министер кој што треба да биде министер и да презентира колку нови протоколи се аплицирани, што се случува, кои се изолирани клиники каде што ќе се згрижуваат пациентите, да излегува како портпарол на министерството и таксативно фактографски да наведува нови два случаи, нови 7, нови 10 случаи. Еве денска додека се снима емисијата имаме нови 19 случаи, прашање е на време кога ќе се надмине бројката над 100, прашање на време е кога ќе згасне човечки живот – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМР0-ДПМНЕ е на располагање со сиот свој капацитет да помогне во оваа ситуација и да соработува со цел, како што вели, зачувување на здравјето на граѓаните.

Поврзани новости