Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицоски во свое видео обраќање им се обрати на граѓаните и ги повика во недела на протест во Кавадарци.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со сите свои сили против ова зло кое што го живее секој еден граѓанин. Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот“ – се наведува во неговото видео обраќање.
Според него, кога СДСМ дошле на власт биле најгласни дека додека немало правда немало мир.
„Не се колебаа да ги злоупотребат семејните и другите лични трагедии. И не им беше тешко да уриваат, да уништуваат. Да деградираат цел еден систем. Отровот кој се посеа во општеството предизвика омраза, завист и нетрпеливост. Ветуваа чуда. А сега кога се на власт молчат за неправдите, ладнокрвните убиства ги третираат како статистичка евиденција во црните билтени, за владата тоа се обични насилства а не свирепи убиства. Животот, личните трагедии, зацрнетите семејства не им се така атрактивни и важни како порано, нема да чуете анализа за тоа дека луѓе умираат во ходниците во болниците, додека пак здравството се уште е недопрено од животот кој толку многу го ветуваа – додава Мицкоски.