Јанакиески за кинескиот кредит: На Зоки му фуфка, вика вие сте договарале, вие потпишете!

by fokus

Од една од десетината бомби кои денеска се слушаат во судница, како докази за случајот “Траекторија”, можеше да се забележи дека министрите од претходната власт стравувале да не одговарат кривично за кинескиот кредит за изградбата на патот Кичево-Охрид, поради што се обидувале да бидат внимателни. Највнимателен бил Зоран Ставрески кој се спаси од кривичен прогон, а тоа се сфаќа и од еден од разговорите на Миле Јанакиески со соговорник.

-За задолжувањето, за апликацијата за Кина, треба да се потпишеме со Пешевски. Дали има нешто спорно? го прашува Јанакиески соговорникот.

Потоа продолжува: “Не е страшно ништо ако потпишам. На Зоки му фуфка, вика вие сте се договарале, вие потпишете” вели Јанакиески.

 

Поврзани новости