Мицкоски: Потребна е амнестија за луѓето од 27 април, зашто нема напред ако живееме во минатото

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот на денешниот протест во Струмица порача дека амнестијата на осудените за насилството на 27 април е потребна за Македонија да продолжи напред.

-И не заборавајте никогаш дека сепак има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека тој не ги заборава оние кои се по затворите, а се дел од, како што рече, оваа конструирана хајка.

Поврзани новости