Спасени првите две деца од пештерата од Тајланд

by fokus

Спасувачките екипи извлекоа две од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две неделе се заглавени во една пештера во Тајланд.

За да дојдат до еден од излезите на пештерата, двете момчиња минале четири киолметри.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални емдицински прегледи.

Операцијата за спасување на децата започна претрпладнево и според најавите на локалниот кризен центар, таа ќе трае два до три дена.

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на кризниот центар.

Поврзани новости