Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамки на редовната обиколка на регионот, нагласувајќи дека станува збор за вообичаена практика на европските функционери.
Тој посочуи дека посетата на Кос е дел од редовните ангажмани во земјите од Западен Балкан.
-Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, францускиот претседател и германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и во Скопје беше претседателот на Европскиот совет, сето тоа за само два месеца- изјави Мицкоски.
Тој додаде дека доаѓањето на Марта Кос е дел од редовната обиколка на европските институции низ регионот.