Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Клик плус на ТВ 21 изјави дека многу поважно од неговото присуство во кафеана е фактот што има 120 заболени од Ковид-19.
-Имаме двајца кои што ги загубија животите. Имаме една нова реалност нели ја победивме пандемијата пред 10-тина дена, две недели. Славевме, имаше спектакуларни прес конференции. Политичарот, докторот Караџовски заедно со техничкиот претседател на Владата, со ресорниот министер, практично мини забава се случуваше на таа прес конференција. Славевме сите, славевме практично една нова реалност, како што тоа ни беше претставувано од страна на овие луѓе. И мислам дека имаме многу позначајни теми од она кое што се случуваше вчера како циркуски спектакл кој што го приредија малкумина послушници на Зоран Заев – речеп Мицкоски.
Тој додаде дека дека погрешил со посетата на угостителски објект и затоа е подготвен да плати казна.