Мицкоски побарал помош од Јанша, тој испратил авион со заштитна опрема за Македонија

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во вторникот му се јавил на својот пријател, премиерот на Словенија и лидер на нивната сестринска партија СДС, Јанез Јанша и денеска веќе стигнал првиот авион со заштитна опрема за зашата земја, како помош од Словенија во борбата со корона вирусот.

-Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија. Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани новости