Тинејџер и полициска службеничка се новите позитивни случаи во Велес

by Fokus

Откако денес од Министерството за здравство потврдија уште два случаеви на корона вирус во Велес, бројката на заболени во овој град се искачи на осум позитивни лица.

Од заболените, четири лица се вработени во ЈП Национални шуми и две лица во роднинска врска со нив. За денешните случаеви, станува збор за полициска службеничка и за момче на возраст од 17 години.

Се претпоставува дека средношколецот се заразил од негов роднина, кој бил вратен од странство пред две недели и немал никакви симптоми.

Според последните податоци од СВР Велес, во градот до вчера имаше 41 лице во самоизолација.

В.К.

Поврзани новости