Нема да поддржиме промена на Уставот за промена на уставното име, вели Мицкоски

by fokus

Ми паѓа тешко како власта си игра со достоинството на сите и ја распродава честа како на пазар, она што е на сите го продава многу евтино иако тоа е бесценето, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Се решава прашањето за името, многумина го очекуваат нашиот став, јас овде пред вас немам друга опција, ќе бидам искрен и отворен, затоа што освен што знам дека таа тема е меѓу првите две од интерес, едиствените информации се тие што ги дознаваме од јавноста и медиумите, а грчките медиуми се непресушен извор на информации. Влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, иднината на нашите деца. За мене достоинството и честа немаат цена, а немаат цена затоа што чистиот образ е огледало по кое треба да се препознае една личност, рече Мицкоски.

Вели, иако Заев кажувал дека нема да има промена на Уставот и ќе се штител идентитетот, потоа рекол дека промената на Уставот не е промена на идентитетот, нешто што според Мицскоски е исто.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на устав за промена на уставното име. Добија доволно јасен одговор. Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија била и ќе биде, Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, вели опозицискиот лидер.

Мицкоски вели дека ќе се обиделе да ги заплашуваат и да им се закануваат, но тие не се плашеле кога Македонија е во прашање.

-Јас сум само 5 ипол месеци претседател на ВМРО-ДПМНЕ, некој ќе рече прекратко, некој доволно време за акција. Велат сум нечија сенка, некој дека се оградувам од старото раководство, некој дека ме донеле да направам нешто и да си заминам, но за почеток не барам целосно да ми веруваме мене, барам да си верувате во самите себе, вие сте народот на Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој при говорот извади и дел од партиската програма, која рече, наскоро ќе допрела до сите граѓани.

Ќе ветиме помало ДДВ, ќе ветиме за сите компании кои ќе вложат во развој еден куп даночни олеснување, ќе ја укинеме зголемената акциза. Ќе изградиме нов лик на здравството, ќе вложиме во нов медицински кадар, директна понуда за вработување на 500 студенти секоја учебна година. Ќе се обвземе да ги зголемиме за 50% примањата на здравствениот кадар, а за 40% пензиите, рече Мицкоски.

Поврзани новости