475
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интерву на 360 Степени на Алсат побара претседателот Стево Пендаровски да свика нова лидерска средба.
-Да не создаваме непотребно тензија во јавноста, да не се контрираме со позиции и да се надмудруваме и да видиме кој е погласен или повидлив, па тие се против ние сме за. Да не ја оптоваруваме јавноста, доволно се оптоворани луѓето со ова што ни се случи со панедемијата и сиот економски ризик во кој живеат граѓаните. Дајте да седнеме да направиме една лидерска средба и да ги отвориме картите – рече Мицкоски.