Мицкоски побара формирање на ковид-комисија со експерти

by Фокус

Понудивме многу работи како решенија за ковид-кризата, но односот на власта е ингорантски и бевме одбиени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на Сител изјави дека е разочаран и лут на здравствените власти поради справувањето со кризата.

-Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? Затоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија – рече Мицкоски.

Тој додаде дека потребно е итно формирање на ковид-комисија со лекари-експерти, чија задача ќе биде да предложи мерки и стратегија за ковид-кризата.

Поврзани новости