490
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба истакна дека после неколкучасовниот разговор за некои теми имале приближување на ставовите, за некои не.
„Доколку навистина се стремиме кон европските вредности така треба и да се однесуваме и да не се изигра волјата на граѓаните. Не треба да дозволиме јавноста да се манипулира и да го свртат вниманието од реалните проблеми – додаде Мицкоски.