477
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски само два дена по неговиот избор отиде на средба кај шефот на државата Ѓорге Иванов.
Претседателот на Македонија му го честитал изборот на Мицкоски и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија – се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.