Џафери ги констатираше оставките на членовите на ДИК

by Фокус

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, денеска ги констираше оставките на членовите на Државната изборна комисија, чиј мандат предвремено престана поради нивно лично барање.

Инаку, тие се повлекоа откако амбсадорот на САД во земјава, Џес Бејли, обелодени дека на тајна седница донеле одлука да си доделат бонуси во износ од неколку месечн плати заради прекувремена работа за време на изборниот процес.

Иако тврдеа дека одлуката ја донеле законско и дека не жалат за неа бидејќи ги заслужувале овие пари, сепак, на крајот под притисок на јавноста мораа да си поднесат оставка.

Поврзани новости