Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.
-Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината, а граѓаните заслужуваат да ја слушнат – рече Мицкоски на Сител.
Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е клучно за да ги почнеме преговорите со ЕУ, а не прашањето со Бугарија.
-Најпрво треба да си ја исполниме домашната задача. Ако ние сме посакуваниот партнер, ова што се егзибиции кај нашиот источен сосед, набрзина ќе бидат маргинализирани – истакна Мицкоски.
Според него, португалскиот предлог веќе одбиен и за него е беспредметно да се разговара.
-Заврши отстапката од македонската есенција. Сега треба да го добиеме тоа што ни е ветено – рече Мицкоски.
Тој смета дека словенечкото претседателство со ЕУ и Јанез Јанша ќе сторат максимум за земјава да ги почне преговорите.