Ципрас и порача на Бугарија да гледа кон иднината

by fokus

Сите недоразбирања, отворени прашања треба да се решават со визија кон иднината, со заеднички прифатливи решенија и на мирен начин, што значи базирани врз меѓународното право, истакна поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, пред учесниците на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан.

-Еден замрзнат проблем креира конфликт, тоа го гледаме во многу земји во светот и го гледаме постојано. Тоа е разликата меѓу напредните и политичарите што градат ѕидови. Конзервативните политичари ги оставаат ѕидовите таму каде што се, ги бојат со различна боја, а отвораат само некоја врата, претежно за економска соработка. Никогаш не се обидуваат да го турнат ѕидот заедно со соседот, стравувајќи дека тој ќе падне и ќе им ја уништи политичката кариера. Ние знаеме колку е тешко да се уриваат ѕидови, но знаеме и како се градат мостови – рече Ципрас.

Тој испрати порака до Бугарија со охрабрување да направи исчекор напред: „Знам многу добро колку е тешко да најдеш решение и излез од чувствителни прашања, но неопходно е тоа да го направи за да се отвори процесот, неопходно е Бугарија да испрати пораката дека е дел од иднината на Балканот…“.

Поврзани новости