Мицкоски од Струмица потврди дека мајка му има корона вирус и вели дека немал контакт со неа

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање при партиските активности во Струмица потврди денеска дека неговата мајка е позитивна на корона вирусот.

-Излезе таква информација, да точно е.
Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направен е тоа
епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се
разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено
имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно
се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена
би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас
во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека
побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во
борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу
здравје и да се чуваат бидејќи јас за разлика од други определени политичари
нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што
го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на
Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи
со оваа пандемија таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас.
Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам
со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа
власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека тој немал контакт со неа и таа е изолирана во нејзиниот дом. Затоа Мицкоски потврди и дека нема да ги паузира своите активности, оценувајќи дека нема опасност тој да е заразен со корона вирусот.

Поврзани новости