Денес сме исправени пред голем предизвик, судбоносен за Македонија. И
се гледа крајот на оваа криминална власт. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од
народот. ВМРО-ДПМНЕ и народот победуваат. Целиот цех ќе го платат, за сите
лаги и измами. Ова меѓу другото го посочи Христијан Мицкоски, лидерот на
ВМРО ДПМНЕ, обраќајќи се на одбележувањето на 23 Oктомври, Денот на
револуционерната броба, што го организираше ВМРО-ДПМНЕ во ЦК „Марко
Цепенков“ во Прилеп.
Лидерот на партијата посочи дека престои oбнова на Македонија, и во таа насока оствари средба со граѓаните на Прилеп на плоштадот Методија Андонов Ченто. Изјави дека пред граѓаните се денови, недели, кога ќе имаат можност да изберат меѓу луѓе што се чесни, патриоти и луѓе кои крадат.
– На 12 април 2020 година граѓаните ќе бираат меѓу правдата, чесноста… Убеден сум дека ќе имаме огромна победа. Приоритети ќе ни бидат независното судство и владеење на правото, економска обнова на државата и почитување на различностите. Ова ќе бидат трите столба на владеењето на новата коалициона Влада – рече Мицкоски во Прилеп, потенцирајќи дека треба да се врати довербата кај политичарите, затоа што сите не се исти, и дека тоа ќе се направи со дела.
Според него ВМРО-ДПМНЕ е голема, модерна европска партија, која оттука
од Прилеп тргнала пред 28 години и токму затоа денешното одбележување на празникот е од градот на Марковите кули.