Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Охрид порача дека Охрид заслужува подобро од она што го има во моментов. Продолжи и со шегите на сметка на Зоран Заев.
-Тука во Охрид, со моето семејство и со моите пријатели, сме поминувале многу денови, дружби, и ме врзуваат доста спомени за овој град. Јас не можам да се пофалам дека мојата прва љубов била овде во Охрид, тоа сигурно мојот политички противник кога ќе дојде овдека ќе го каже.
Но, ќе кажам дека Охрид ми е во срцето и знам дека кога ќе се случат промените, Охрид и неговиот развој ќе ни бидат едни од највисоките приоритети. Охрид заслужува подобро од ова. Охрид заслужува промени, проекти и победи, Охрид заслужува една нова, поинаква иднина, полна со позитивна енергија, успеси, резултати, развој, напредок, Охрид и Охриѓани заслужуваат сите ние да засукаме ракави и да докажеме дека знаеме да го цениме тоа што е Охрид за нашата Македонија. Досега мора да признаам, и тоа важи за долги години наназад, јас лично како да не сум убеден дека Охрид е ценет доволно, рече Мицкоски.