Мицкоски од Кавадарци му порача на Заев: Пенкало не се бакнува, се бакнува името на сопствената земја

by fokus

Жално e како овој човек се понижува себе си од ден во ден и запаѓа во се поголем проблем. Доста е со овие понижвувања, пенкало не се бакнува, се бакнува иимето на сопствената земја, таа што те школувала, одгледала, и што ја водиш како премиер, ама нема уште долго, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на премиерот, Зоран Заев, од Кавадарци каде денеска се одржува протестен марш.

-Политичар кој за себе говори дека бил изгубен во времето, молејќи да не му ја чепкаме гитара, колнејќи се во татковината и своите деца, мртов ладен без око да му трепне, го слушаме сакајќи да ја ослови нашата земја му се испушти зборот на М и му беше срам, се сепна се исплаши не знаеше да го изговори. Да му помогнеме тоа на М што го заборавивте се вика Македонија – рече Мицкоски започнувајќи го својот говор пред присутните.

Тој му порача на Заев, да покаже, како што рече, малку достоинство, да не се поклонува понизно како чирак од македонските народни приказни и да биде горд Македонец.

Поврзани новости